MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ГРЦИЈА ОЧЕКУВА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ИМЕТО СЛЕДНАТА ГОДИНА
 
ГРЦИЈА ОЧЕКУВА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ИМЕТО СЛЕДНАТА ГОДИНА
13.11.2017, 12:01:00
 
 
 

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

 

.

На средбата се очекува да се разговара за продолжувањето на преговорите з решавање на спорот за името најавено за крајот на месецов.

Коѕијас најави дека Грција е спремна за решавање на прашањето за името и дека тоа ќе го стави јасно на знаење на своите партнери во ЕУ и на Вашингтон. Според него прашањето за името ќе биде затворено во првата половина на 2018 година.

Во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и Шведска, денес министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи учествуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во неформалниот формат – Пријатели на Македонија.

Дискусиите на работниот појадок беа фокусирани на перспективите на Република Македонија во контекст на отпочнувањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, како и заложбите на Владата за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите и унапредувањето на добрососедските односи.

Димитров и Османи изразија благодарност на домаќините (МНР на Бугарија и Шведска) за организирање на состанокот, со кој се овозможува директно информирање на земјите-членки за внатрешниот развој на настани во Македонија, пет месеци по формирањето на Владата.

Информираа за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, како и за плановите на Владата и очекувањата во наредниот период. Ја истакнаа потребата за поддршка од страна на земјите-членки и институциите на ЕУ за постигнување на долгоочекуваната цел – што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

“Успеавме да се вратиме на нашата европска патека, а ЕУ успеа да го возобнови политичкото внимание на Балканот. ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина, а ние сме одговорни за судбината на тој пат. Постоењето на магичната фраза – политичка волја, реформската ориентираност и поддршката од нашите европски пријатели се клучни за запечатување на нашата европска иднина. Ние имаме втора шанса да успееме, а нашите пријатели од Брисел имаат шанса да ги убедат скептиците во успешноста на пристапниот процес.” – изјави МНР Димитров.

Како клучни моменти од суштинско значење за Македонија во претстојниот период беа подвлечени следните настани: објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК, Јункер за ЕУ перспективите на Западен Балкан (февруари 2018); извештајот на ЕК за напредокот (април 2018) и самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018г.

На работниот појадок присуствуваа комесарот Хан и сите земји членки, од кои 13 на ниво на министри за надворешни работи.

Во рамки на посетата на Брисел, денес министерот Димитров ќе оствари и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Португалија и Грција.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News