MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » БОСТОН ЈА ЗАПИША 12 ПОБЕДА ВО НИЗА
 
БОСТОН ЈА ЗАПИША 12 ПОБЕДА ВО НИЗА
13.11.2017, 11:01:39
 
 
 

Бостон со 95:94 го победи Торонто и ја забележа 12. победа по ред, овој пат без својата најголема ѕвезда Кајри Ирвинг кој има ситна повреда од петочниот натпревар против Шарлот.  

.

Бостон ја продолжи победничката серија, овој пат мета беше Торонто кој пружи силен отпор но на крајот го положи оружјето во „Ти Ди Гарден“.

По првото полувреме Тороното водеше со 49:44, клучна за победата беше третата зетвртина која Селтикс ја добија со 33:27, на крајот славеа со еден поен разлика, 95:94.

Ал Хорфорд се врати во вистински момент и беше главен во победата со 21 поен надополнувајќи го отсуството на Кајри Ирвинг. Кај Торонто најефикасен беше ДеРоузен со 24 поени.

Резултати:

Бостон - Торонто 95:94

Детроиот - Мајами 112:103

Индијана - Хјустон 95:118

Оклахома - Далас 112:99

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News