MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » НЕСТОРОВСКИ ОСТАНУВА ВО ПАЛЕРМО И ВО СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ
 
НЕСТОРОВСКИ ОСТАНУВА ВО ПАЛЕРМО И ВО СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ
13.11.2017, 10:53:29
 
 
 

Фудбалскиот клуб Палермо на својата официјална интернет-страница објави дека го продолжил договорот со македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

.

Најдобриот стрелец и играч на Палермо, според новиот догово,р во клубот ќе остане до 30 јуни 2021 година.

„Среќен сум и задоволен што го обновив договорот со клубот кој ми даде доверба и ми овозможи да играм во Серија А и ми направи чест што ми ја додели капитенската лента. Му благодарам на Маурицио Зампарини и на сите во клубот кој сакам да го вратам онаму каде што му е местото, во Серија А“, изјвил Несторовски за клупската интернет-страница.

Палермо во моментов е лидер во Серија Б со 25 бода, а Несторовски е прв стрелец на тимот со девет постигнати голови.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News