MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ВО 2018 SPICE GIRLS ПОВТОРНО ЌЕ СЕ СОБЕРАТ
 
ВО 2018 SPICE GIRLS ПОВТОРНО ЌЕ СЕ СОБЕРАТ
13.11.2017, 07:15:00
 
 
 

Женската поп група Spice girls повторно се собира во 2018 година, соопшти DailyMail.

.

 

Според публикацијата, разговорите се одржале изминатово лето, а Викторија Бекам, која долго време одбиваше да се приклучи, го прифати предлогот. Spice girls работат на нов албум и други возбудливи проекти, како што е спектакуларно телевизиско шоу.

Според анонимен извор, Мел Б ја презела иницијативата за да ја собере најуспешната поп женска група.

Во последните неколку години имаше два обиди да се препороди групата, но тие пропаднаа поради прекумерната вработеност на девојките со други проекти.

Членовите на групата се Викторија Бекам, позната како Пош Спајс, Мелани Браун е Скери Спајс, Ема Бонтон е Бејби Спајс, Мелани Чисхолм е Спорт Спајс, а Гери Халивел, сега Хорнер, е позната како Џинџер Спајс. Спајс девојките беа создадени во 1994 година и се распаднаа во 2000 година.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News