MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » КОМПЛЕТИРАНА ШЕСТАТА РУНДА ВО А ЛИГАТА
 
КОМПЛЕТИРАНА ШЕСТАТА РУНДА ВО А ЛИГАТА
12.11.2017, 18:57:32
 
 
 

Со одигрувањето на двете денешни средби затворено е шестото коло во Хјундаи А лигата

.

Екипата на Велингтон Феникс славеше убедливо со високи 5-2 во мечот против Перт Глори. Гостите го отворија резултатот во 9та минута со голот на Торес, но само 4 минути подоцна домашните изедначија преку Видошиќ. Парачки ја донесе првата предност за домашните откако во 34 минута го затресе противничкиот гол.

И во второто полувреме гостите први постигнаа гол. Во 47 минута Лоури погоди за 2-2, а само пет минути подоцна Гињерме повторно донесе предност за домаќините овој пат од 3-2. До крајот фудбалерите на Феникс уште два пати ја затресоа мрежата на противничкиот гол. Најпрво Калуѓерович од пенал во 74 минута зголеми на 4-2, а истиот фудбалер ги постави и конечните 5-2 во 87 минута од дуелот.

Вториот натпревар кој се одигра денеска заврши без победник откако Мелбурн Сити и ВС Вондерерс одиграа 1-1. Сотирио погоди за гостите во 19та минута а конечните 1-1 ги постави МекКормак од белата точка во 55 минута од натпреварот.

По шест одиграни кола лидер на табелата е тимот на Њукасл Џетс со 14 бодови пред Мелбурн Сити и Сиднеј ФК со по 13 бода на втората односно третата позиција.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News