MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » МАРКЕЗ ОСТАНУВА НА ВРВОТ ВО МОТО ГП
 
МАРКЕЗ ОСТАНУВА НА ВРВОТ ВО МОТО ГП
12.11.2017, 15:16:32
 
 
 

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е шампион во Мото ГП конкуренцијата, откако на трката за ГН на Шпанија која се возеше на патеката во Валенсија заврши на третото место.

.

Шпанецот се искачи на подиумот заедно со Дани Педроса кој заврши како победник и Јохан Зарко, кој беше второпласиран. Ривалот за тронот на Маркез, Андреа Довициозо, излета од патеката на шест круга пред крајот и практично му дозволи на Маркез лесно и без притисок да ја одбрани круната.

За Маркез ова е четврта титула во Мото ГП шампионатот во својата петта сезона. Сезоната тој ја заврши со шест победи и вкупно 12 подиуми. 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News