MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » НОВА ПОБЕДА ЗА АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН ВО НБА
 
НОВА ПОБЕДА ЗА АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН ВО НБА
12.11.2017, 15:14:22
 
 
 

Кошаркарите на Годлен Стејт Вориорс ноќта кон неделата во серијата натпревари во НБА лигата ја совладаа со 134:114 Филаделфија 76’ерс.

.

Сиксерс во текот на целото прво полувреме успеваа да го следат тимот на Голден Стејт и на одмор заминаа со само поен заостанување (64:65), а дотогаш имаше дури 16 промени на водството и седум изедначувања. Но во тратата четвртина Вориорс е разгоропадија добивајќи го овој дел со 36:21, по што предноста не ја испуштаа до крајот на дуелот.

За Вориорс, Стеф Кари, Кевин Дуран и Клеј Томпсон заедно постигнаа 74 поени. Дуран беше најефикасниот со 29 поени, Кари додаде 22 а Томпсон 23 кошови. Кај Сиксер најдобар стрелец беше Џеј Џеј Редиј со 17 кошови, додека Џоел Ибиид постигна 12 кошови со 7 скокови и 2 асистенции.

Феникс Санс со 118-110 беа подобри од Минесот Тимберволфс, а до триумфот ги донесоа Девин Букер и Ти Џеј Ворен кои задно постигнаа 70 поени, по 35 секој. Кај Минесота најдобар беше Ендрју Вигинс со 27 поени, а Џими Батлер додаде 25 кошови.

Санс има заостанување од 4 поени на четири минути пред крајот, но Букер постигна „тројка“, а потоа му асистираше на Ворн за кош и Санс прејдоа во водство од 104:103. Потоа Букер постигна уште два коша и водството на Санс се зголеми на пет поени на минута и половина до крајот.

Орландо Меџик со 107:125 беше поразен од Денвер Нагетс. Орландо имаше негатива од 30 поени во третата четвртина но на почетокот од последната делница успеа да се приближи на 91:104, но тоа беше најблиску што му се приближија на Денвер.

Најдобар кај Орландо беше Ивен Фурние кој постигна 18 поени, додека кај Денвер нахефикасен беше Џамал Мареј со 32 поени.

Кливленд Кавалирс со 111:104 ги совладаа Далас Маверкс, а ги предводеше Кевин Лав со 29 поени. Леброн Џејмс постигна 19 кошови со 11 скокови.

Лос Анџелес Лејкер со 90.98 беа поразени од Милвоки Бакс кај кој најдобар стрелец повторно беше грчкиот репрезентативец Јанис Антетокунмпо со 33 поени. Кај Лејјерс најдобар беше Кајли Кузма со 21 поен.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News