MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » 750 000 ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ
 
750 000 ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ
12.11.2017, 08:10:00
 
 
 

Околу 750.000 луѓе учествуваа на протестот во Барселона во саботата вечерта. Луѓето бараа ослободување на уапсените членови на каталонската влада.

.

 

Митингот е организиран од невладини организации за поддршка на независноста на регионот, објави АФП. За време на протестот се слушнаа повици „слобода за политичките затвореници“

Осум лица од регионалната влада на Каталонија се во притвор. Против нив се подигнати обвиненија за организирање бунт, отцепување и злоупотреба на јавни средства.

Шест други лица беа ослободени по плаќањето на гаранцијата. Поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон е во Белгија и за него има издадено потерница. Судот во Брисел се очекува да одлучи дали да го предаде на шпанските власти.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News