MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Interview » БЛУ БЕНД ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА МАКТЕЛ
 
БЛУ БЕНД ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА МАКТЕЛ
24.10.2017, 10:00:21
 
 
 

Mлади , амбициозни и најважно од се талентирани, така со неколку збора можеме да ги опишеме членовите на Блу Бенд.

1. Како за почеток кои се Блу Бенд, ајде да ги запознаеме нашите читатели со членовите на бендот и со приказната за настанувањето.
- Еве ќе започнеме од  највозрасниот  Бојан Амповски – клавијатури ,Диме Ѓорѓиев-Вокал, Зоран Грбиќ-Клавјатури и Димитар Симонов-Тапани. Не спои градот Штип бидејќи студираме и учевме во него.Неколку членови од бендот имаа претходна соработка ,па така по некој извесен период  одлучивме да се повлечеме од  музичката сцена и да формираме нов бенд со ново име во кој ќе се работи на професионален принцип.
2. Започнавте со одличниот кавер на Лејди од нашиот ангел Тоше Проески и токму затоа не случајно во месецот на Тоше, октомври разговараме токму со вас. Морам да признаам кавер верзијата е одлично прифатена, се врти по радио станиците и високо котира веќе на домашните топ листи, но ме интересира колку вие самите сте задоволни од сработеното?
-Голем предизвик за нас е дека се мотивираме од нашата икона Тоше Проески,загубивме човек кој сакаше да не сплоти со преголема љубов,преголема хуманост и таа топлина и енергија која ја ширеше меѓу нас , но затоа тука се сите негови песни сите негови дела кои ги правеше искрено од срце. Кавер верзијата на неговата  Лејди ја направивме во негова чест и ја оживеавме во малку поинаков аранжман во имиџ на бендот и беспрекорно сме благодарни на целата таа подршка од  радиската публика која не прати и го следи нашиот пат од почетокот.Задоволни сме од сработеното ,бидејќи зад каверот стои екипа од професионалци кои добро си ја знаат работата.
3. Кога сме веќе кај кавер верзиите, кој изведувач ви претставува предизвик или што следно би сакале да преработите, нешто што баш онака ви е мерак?
-Веднаш да кажеме дека ,сакаме да направеме уште многу кавери на песни од Тоше Проески и секако со текот на времето и од многу други артисти.
4. Каде во моментов настапуваат Блу Бенд?
-Моментално Блу Бенд настапува во границите на Р.Македонија,во многубројни градови,во ноќни клубови и разни локали.
5. Со оглед на тоа што настапувате пред релативно млада публика, не можам да не ве прашам што сакаат да слушаат младите кај нас, што најчесто свирите?
-Покрај тоа што бендот гради свој стил и се стреми кон тоа да биде уникатен ,мораме да признаеме дека заинтересираноста на младите е најголема за Балканската поп -музика .Најчесто настапуваме со странска,EX-YU и поп музика во која вметнуваме примеси на нешто современо и модерно.
6. Естрадните уметници обично знаат да кажат дека фид бекот од публиката е најголемото признание за нив, се согласувате ли со ова, што за вас претставува врв во вашето работење, или ајде да кажеме што ве мотивира најмногу на настапите?
-Секако дека најголемата вредност за нас е фид бекот од популацијата присутна на нашите настапи.Задоволни сме заради тоа што нашата позитива ни е огледало од публиката и не инспирира да даваме секогаш повеќе.
7. Ајде малку и за идните планови. Се планира нов кавер или можеби веќе и нешто ваше , авторско?
-За во иднина  планираме многу кавери .. но ќе работиме највеќе на наши песни на нешто авторско ,да го симболизираме бендот со нова современа музика.
8. И за крај морам да ве прашам би настапиле ли во Австралија и размислувате ли можеби за настапи и надвор од земјава?
-Ние немаме граници каде би настапувале иако Австралија е многу оддалечена од нас,доколку би имале можност би настапиле таму и во многу други земји.
Јас ви благодарам за одвоеното време и ви посакувам многу успех и среќа и понатаму во она што го работите и секако да се видиме наскоро за нешто ново.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News