MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » НОВИ ГРЧКИ ПРОВОКАЦИИ
 
НОВИ ГРЧКИ ПРОВОКАЦИИ
12.10.2017, 14:49:00
 
 
 

Пропагандата на владините тела во Скопје продолжува и понатаму непопустливо, порачува Меѓународната хеленска асоцијација од САД, која од грчкиот државен врв и од политичарите во Грција бара да не се дозволи ново име за „Скопје“ во кое би стоел и зборот„Македонија“.

Во писмото потпишано од 154 универзитетски професори, истражувачи, писатели и аналитичари од Грција, САД, Канада и од некои други земји, а испратено вчера до грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, премиерот Алексис Ципрас, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и до лидерите на сите партии во грчкиот парламент и до пратениците во парламентите на Грција и на Кипар, се посочува на неодамнешниот случај кога македонски дипломати на настанот организиран од македонската дијаспора се фотографирани пред карта на Обединета Македонија, како и на повикот на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, неколку часа пред средбата со грчкиот колега Коѕиас, Грција да ја поддржи Македонија во новите околности за да се воспостави сигурност на Балканот.

 

.

Меѓународната хеленска асоцијација потсетува на договорот на грчките партии од 13 април 1992 година да не се прифаќа име за северниот сосед кој би го содржел зборот „Македонија“ и бара сите партии да се изјаснат какво име би било прифатливо за нив.

„Веруваме дека сложено име за соседната држава неповратно ќе го уништи секој напор за добрососедски односи со северниот сосед и ќе создаде непредвидливи идни дестаблизирачки фактори во чувствителниот Балкански Регион“, се вели во писмото, пренесе Мета.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News