MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ПОДДРШКА ОД КАЗАХСТАН ЗА МАКЕДОНИЈА
 
ПОДДРШКА ОД КАЗАХСТАН ЗА МАКЕДОНИЈА
12.10.2017, 14:49:00
 
 
 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претпладнево се сретна со Нурбах Рустемов, амбасадор на Република Казахстан за Република Македонија.

 

.

„Направивте чекор напред“ е оценката со којашто амбасадорот на Казахстан Рустемов ги оцени промените што се случија во Република Македонија.

На средбата е изразена заедничка согласност дека постои голем потенцијал за развој на односите помеѓу Република Македонија и Република Казахстан во области значајни за граѓаните на двете држави.

Посебно е истакната определбата на двете страни за интензивирање на соработката во областа на економијата.

-Владата на Република Македонија посветува големо внимание на странските и на домашните инвестиции, затоа што на тој начин може да се придонесе кон нови и подобро платени работни места за квалитетен живот на граѓаните, што е примарна цел на новата Влада. Затоа се отвораме целосно за продлабочување на економската соработка и за поврзување на бизнис заедниците од двете држави, кои убеден сум дека ќе најдат мотив за соработка, што ќе донесе добро и за нашите граѓани и за нашите држави, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше и за поконкретни активности на соработка во областа на енергетиката и на третманот со отпад. Премиерот Заев посочи дека Владата е силно посветена да обезбеди чиста животна средина за граѓаните и развој на квалитетно земјоделство, за што е потребно решавање на проблемот со депониите, како и обезбедување електрична енергија преку фотоволтаици коишто овозможуват употреба на природни извори на енергија како што е сонцето, а со тоа и заштеди во семејните буџети.

-Целосно сме фокусирани на вториот дел од реформскиот План 3-6-9 на Владата, бидејки првиот дел успешно е заокружен. Следуваат реформи во клучни области, со цел независно правосудство, медиуми, обезбедување независни државни институции. Водиме инклузивни политики во овој процес, а ги продлабочивме и пријателските односи со соседите. Сето тоа придонесува кон подобар живот на граѓаните во Македонија и ги отвора вратите на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, што се наши стратешки цели.

Евро-атлантските перспективи дополнително ќе значат охрабрување за инвестициската клима, но и стабилност на Македонија и на регионот, додаде премиерот Заев.

На средбата е договорено да продолжат контактите меѓу двете држави и со средби на официјално, владино ниво, со цел реализација на утврдените можности за соработка.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News