MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » СЕ ИСПИТУВА НАРЕДБАТА ЗА ПРЕТРЕС КАЈ ПАНЧЕВСКИ
 
СЕ ИСПИТУВА НАРЕДБАТА ЗА ПРЕТРЕС КАЈ ПАНЧЕВСКИ
12.10.2017, 14:49:00
 
 
 

Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, заедно со членови од Судскиот совет, денеска, неофицијално, отишол во ненајавена контрола на гевгелискиот суд.
Тоа следуваше бидејќи поранешниот претседател на кривичниот суд, судијата Владимир Панчевски, пред една недела обвини дека истражител на СЈО при претресот во неговиот дом му го украл клучот. Панчевски го темели тврдењето врз видеоснимката од надзорната камера во својот дом, која ја објави ТВ „Алфа“.


 

.

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е доказ за начинот на кој работи СЈО и, како што вели, притисоците што се вршат врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги. Тој смета дека снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата на СЈО.

Претресот во домот на Панчевски е поврзан со предистражната постапка што ја води СЈО за бизнисменот Љупчо Палевски, а налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд.  Според него, наредбата за претрес е за кривичните дела незаконско прислушување и уцена и го оспорува тоа што е издадена од гевгелискиот суд.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News