MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ДЕДОТО КОЈ ЈА НАПАДНА ШЕЌЕРИНСКА
 
4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ДЕДОТО КОЈ ЈА НАПАДНА ШЕЌЕРИНСКА
12.10.2017, 14:49:00
 
 
 

Судот му изрече пресуда од четири години затвор на обвинетиот Панче Ангелов, кој на 27 април изврши насилство над тогашната пратеничка Радмила Шекеринска.

При изрекувањето на казната судијката рече дека судот ги зел предвид и олеснувачките и отежнувачките околности, но преовладале отежнувачките. Олеснувачките во случајот на Англеов се дека досега не бил осудуван, се работи за лице постаро од 60 години, ја признал вината, се каел за стореното дело и коректно се однесувал за време на постапката. Како отежнувачки околности судот ги зел дека делото е извршено на подмолен начин, без повод и причина, сторено е во Собранието и пренесено од медиумите, при што е предизвикан страв и несигурност кај граѓаните.

 

.

Оштетените Зоран Заев и Радмила Шекеринска побарале имотно-правно обесштетување од обвинетиот за што судот ги упати да поведат граѓански спор.

До стапувањето во сила на изречената пресуда осудениот Панче Ангелов има обврска да ги почитува мерките на претпазливост, односно секој ден да се јавува во судот. Против изречената казна има право на жалба до Апелација во рок од 15 дена. Неговата и одбраната на оштетените, по излегувањето од судницата, не сакаа да коментираат по изречената пресуда.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News