MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ПАМЕТНИ ТЕТОВАЖИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МЕДИЦИНАТА
 
ПАМЕТНИ ТЕТОВАЖИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МЕДИЦИНАТА
12.10.2017, 12:04:20
 
 
 

Група научници започна да развива паметно мастило и паметни тетоважи кои ќе можат да бидат поприлично корисни.

.

Тим на научници од Харвард развија паметни тетоважи кои во иднина би можеле да им помогнат на болните луѓе полесно да вршат надзор над своето здравје.

Паметните тетоважи се темелат на биочувствително мастило кое е развиено на Харвард, а кое може во иднина да ги замени традиционалните медицински уреди за контролирање на пример на нивото н ашеќер во крвта или дехидрацијата на телото.

На паметните тетоважи не им се потребни батерии и речиси се незабележливи на телото што е нивна предност. Специјалното мастило реагира на хемијата на телото и ја менува бојата доколку се случи некоја одредена промена.

Засега се развиени два вида на вакво мастило. Едно реагира на промена на нивото на шеќер во крвта а другото на зголемената сол во организмот што може да укажува на дехидрација.

Секако и понатаму постојат недостатоци кај ваквото мастило кое со текот на времето може да избледе меѓутоа научниците тврдат дека се на добар пат и во блиска иднина би можеле да добиеме прва паметна тетоважа која ќе може дури и да спаси човечки живот.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News