MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » МЕЛБУРН ПОДГОТВЕН ЗА САБОТНОТО ГРАДСКО ДЕРБИ
 
МЕЛБУРН ПОДГОТВЕН ЗА САБОТНОТО ГРАДСКО ДЕРБИ
12.10.2017, 11:05:21
 
 
 

Мелбурн со сигурност ќе биде поделен во сабота кога Виктори ќе ги угости Сити, во она што ќе преставува блокбастер на Мелбурншкото Дерби на Етихад стадионот.

.

Опта Дата произлезе со неколку клучни статистики околу она што секогаш преставува огромен судир во календарот на Хјундаи А натпреварите.

- Мелбурн Виктори има победено во последните две Мелбурншки Дерби-а во Хјундаи А Лигата и тоа со резултат од 2-1.

- Борен Џојс ќе се обиде да стане првиот тренер на Мелбурн Сити кој  има победено во првите два натпревари во почетокот на сезоната од Хјундаи А Лигата.

- Фудбалерите на Кевин Мускат ќе станат првиот тим кој ќе освои три последователни натпревари на Мелбурншкото Дерби ако победат во сабота навечер.

- Натпреварот во сабота навечер ќе биде пресвртница за Мелбурн Сити, тоа ќе биде нивниот 200 натпревар во Хјундаи А лигата, а 23 во Мелбурншкото Дерби.

- Голманот на Сити, Јуџин Галекович беше единствениот голман кој го заврши почетниот натпревар во Хјундаи А лигата за 2017/18 сезона со 100% одбрана.

- Виктори имаат победено на 63 дуели во почетничкиот круг натпревари, повеќе од било кој друг тим во Хјундаи А лигата.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News