MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ТРКАТА ВО САД ОВОЈ ВИКЕНД МОЖЕ ДА МУ ЈА ДОНЕСЕ ТИТУЛАТА НА ХАМИЛТОН
 
ТРКАТА ВО САД ОВОЈ ВИКЕНД МОЖЕ ДА МУ ЈА ДОНЕСЕ ТИТУЛАТА НА ХАМИЛТОН
12.10.2017, 10:58:31
 
 
 

По победата на трката за ГН на Јапонија, Луис Хамилтон се издвои на лидерската позиција во генералниот пласман на возачи со убедлива предност од 59 бода. Проблемите во Ферари и отпаѓањето на главниот конкурент, Себастијан Фетел, уште на стартот на трката, само му го олеснија патот на Хамилтон до новата шампионска титула.

.

Возачот на Мерцедес, сега може да ја обезбеди титулата веќе на следната трка за ГН на САД, на три трки пред крај на шампионатот. Фетел останува со математички шанси, но според последните два настапи, титулата е се подалечна за возачот на Ферари.

Хамилтон ја има првата „меч топка“ на 22 октомври во Остин. Британецот ќе ја освои шампионската титула на трката за ГН на САД ако заврши прв или втор, и тоа:

Хамилтон е шампион ако победи на трката за ГН на САД, а Фетел не успее да се пласира на едно од првите шест места.

Хамилтон е шампион, ако заврши втор на трката за ГН на САД, а Фетел не успее да стигне понапред од деветата позиција.

Доколку пак Луис Хамилтон заврши на третата позиција или под тој пласман, тогаш втора шанса за титулата ќе брка на следната трка вио Мексико на 29 октомври.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News