MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » ДА БИДАМ ИСКРЕН Е НОВАТА ДРАМА НА СТЕФО НАНЦУ
 
ДА БИДАМ ИСКРЕН Е НОВАТА ДРАМА НА СТЕФО НАНЦУ
12.10.2017, 15:05:00
 
 
 

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

ДА БИДАМ ИСКРЕН – TO BE HONEST

.

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одржа премиерната изведба на драмата „Да бидам искрен“ (To Be Honest) од драмскиот писател и режисер Стефо Нанцу.

Драмата доживеа четири изведби и картите беа предвреме распродадени поради големиот интерес на ова најново драмско дело на Стефо. „Да бидам искрен“ драмскиот писател Стефо го работеше врз основа на вистински наративи на девет млади лица кои ги отворија своите срца и души и ги споделија своите животни приказни.

Преку приказните се увидоа траумите со кои се соочиле младите како резултат на неправилно функционирање на нивните семејства поради разновидните социјални, лични и душевни пореметувања, поради траумите од војните и доселување во новата средина, употребата на алкохолот и дроги и впуштање во криминални активности за да се опстои или подобри животот во новата средина. За децата израснати во вакви средини и семејства често се вели дека тие уште од самиот почеток на животот „немаа шанса“ - didn’t had a chance. Тоа и авторот го експонира и иследува, го прикажа животот на децата поминат воглавно на улица, без дом и топол оброк, без доволна едукација и советување без доволна топлина од родителите, некои дури и „продавани и препродавани“ од еден родител кон друг од еден роднина кон друг и тој синџир на неизвесност да се пренесе врз децата во различни форми и навики до впуштање во проституција, дрога и алкохол, впуштање во светот на криминални активности, во светот на самоуништување.

Авторот преку тие наративи ги следи децата низ периодот на пубертетот и подоцнешните години, со еден професионален актерски тим составен од дваесет млади артисти, ни ја престави сликата на социјалното и психичкото растројство присутно во сите тие девет животни приказни. Но секако се прикажа и надежот за иднината и јачината на опстојување што овие млади ја поседуваат.

Инаку ова е шеста продукција на Стефо работена преку овој Центар за уметност во Бенстеон со кој повеќе години соработува, а исто во соработка на локалните добротворни организации за млади во ова предградие. Авторот повторно им приближа на гледачите социјални теми што се актуелни во просторот каде живееме каде се судруваат повеќе култури и генерации во таканареченото „котле“ на социјални превривања.

Душан Ристевски

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News