MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » НЕКСТ ТАЈМ СО УШТЕ ЕДНА ПРЕКРАСНА ПРЕРАБОТКА НА НАРОДНА ПЕСНА
 
НЕКСТ ТАЈМ СО УШТЕ ЕДНА ПРЕКРАСНА ПРЕРАБОТКА НА НАРОДНА ПЕСНА
12.10.2017, 07:15:00
 
 
 

Вчера, во Драмскиот театар во Скопје, Мартин и Стефан Филиповски или „Некст тајм“ го промовираа видеото за својата нова преработка  „Слушам кај шумат шумите“. Публиката по огромниот успех на преработката на „Ѓурѓо“ со нетрпение го очекуваше новото дело на популарните браќа, и на крајот, чекањето се исплати!

.

 

И за овој проект „Некст тајм“ соработуваа со композиторот Никола Мицевски, а миксот е на Дејан Момировски. Спотот е изработен по идеја на Мартин и Стефан кои долго ја бараа идеалната локација, а и се подготвуваа за улогите во видеото земајќи часови по јавање. Продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски,  и директорот на фотографија е Кристијан Теодоров создадоа видео за восхит! Главната улога ја има познатата актерка Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер Огнен и, секако, браќата Мартин и Стефан.

„Некст тајм“ најавуваат цел албум преработки во сличен, веќе можеме да кажеме, нивен стил за мај 2018 за спектакуларно одбележување на 10-годишнината од нивното прво појавување на македонската музичка сцена.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News