MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ВИКТОР ДАВИДОВСКИ ОД 2018 ДЕЛ ОД СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ
 
ВИКТОР ДАВИДОВСКИ ОД 2018 ДЕЛ ОД СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ
11.10.2017, 12:29:32
 
 
 

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски после 20 сезони извозени во македонскиот и српскиот шампионат, во 2018 година ќе настапува во светскиот TCR шампионат.

.

Давидовски првата своја трка ја имаше во 1998 година и до 2010 настапуваше во шампионатите на Македонија на кружни и ридски патеки, а потоа започнува да настапува во Шампионатот на Србија на кружни патеки во најбројната класа „хибрид“.  Годинава тој доминантно ја освои титулата и стигна до својот 10 шампионски пехар во кариерата.

“После толку многу години поминати на балканските патеки, дојде време Македонија да ја претставиме на светско ниво. Полека, но сигурно се подготвуваме за следната сезона, автомобилот е уплатен, ќе го имаме на располагање еден од првите 25 автомобили од најновата генерација на Honda Civic Type R TCR”  изјави Давидовски.

Изминатиот викенд тој настапи со Seat Leon TCR V2 DSG на трка на издржливост во траење од 12 часа која се одржа на легендарната Ф1 патека Спа Франкоршамп во рамките на 24h TCE Series.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News