MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » АМЕРИКАНЦИТЕ ПРВ ПАТ БЕЗ ПЛАСМАН НА ФУДБАЛСКИОТ МУНДИЈАЛ
 
АМЕРИКАНЦИТЕ ПРВ ПАТ БЕЗ ПЛАСМАН НА ФУДБАЛСКИОТ МУНДИЈАЛ
11.10.2017, 12:25:21
 
 
 

Три репрезентации кои се шампиони на своите континети идното лето нема да настапат на Светското првенство во Русија.

.

Мундијалот во 2018 година ќе мине без Камерун, Чиле и САД, а можное е во Русија да не патува ниту шампионот на Азија, бидејќи Австралија ќе игра дополнителен бараж против селекцијата на Хондурас.

Камерун пред седум месеци го освои Купот на Африка, но потоа не успеа да се пласира на СП. Камерунците групата во која беа четири селекции, ја завршија на третото место со седум бодови помалку од Нигерија.

Русија нема да ја види ниту селекцијата на Чиле, која ја е актуелен шампион на Јужна Америка. Чилеанците два пати на последните две изданија на Копа Америка ја победуваа Аргентина, но Мундијалот во Русија ќе го гледаат на телевизија.

Чиле квалификациите ги заврши на скромното шесто место, откако во последното коло загуби од Бразил 3:0.

САД пред три месеци ја освоија титулата на првенството на Северна и Средна Америка и Карибите (КОНКАКАФ), но не усеаја да да освојат едно од првите три места во оваа квалификациска зона која носат директен пласман на Мундијалот, ниту пак се изборија за четвртото место кое носи дополнителен бараж.

Американците прв пат по 1990 година и седум последовни учества нема да играат на еден Мундијал.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News