MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » АНЏЕЛИНА ЏОЛИ КАКО ЛАРА КРОФТ И ВО РЕАЛНОСТА
 
АНЏЕЛИНА ЏОЛИ КАКО ЛАРА КРОФТ И ВО РЕАЛНОСТА
11.10.2017, 08:50:00
 
 
 

Во план, кој потсетува на сценарио за филм за „Лара Крофт“, Анџелина Џоли требало да помогне за апсење на централноафриканскиот „господар на војната“ Џозеф Кони, така што ќе го повика на вечера.

.

 

Мејлови на Меѓународниот кривичен суд покажуваат дека Џоли во 2012 година самата се понудила, заедно со американски трупи, да го „лови" Кони во Централноафриканската Република.

- Заборавете на други славни личности. Таа е таа! Токму таа би сакала да го улови Кони. Веројатно и Бред ќе оди, се вели во еден од мејловите на Луис Морено Окампо, поранешен шеф на Обвинителството при судот.

Окампо во преписката на Џоли и вели дека „може да се вклучи во специјалните одреди кои трагаат по Кони“. - Може ли Бред да дојде со тебе?, ја прашува Окампо актерката.

- Бред ми дава поддршка. Ајде да се договориме за логистиката. Со љубов, бакнежи, одговара Џоли.
За ова нема повеќе информации во другите 40.000 мејлови кои протекоа во јавноста. Џоли одби да даде коментар.

Окампо беше главен обвинител во судот од 2003-та до 2012-та година и има неколку преписки со актерката. Но, на неговиот мејл кој гласи „Драга Енџи, се надевам дека си добро. Ми недостигаш", не добил одговор.
Кони се уште е на слобода.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News