MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » КИГАН СМИТ НОВА ФУДБАЛСКА ЅВЕЗДА ВО А ЛИГАТА
 
КИГАН СМИТ НОВА ФУДБАЛСКА ЅВЕЗДА ВО А ЛИГАТА
10.10.2017, 13:09:33
 
 
 

Новиот тренер на Велингтон Феникс, Дарие Калезиќ приреди големо изненадување на својот прв натпревар, вклучувајќи го 18 годишниот Киган Смит во дебито против Аделаид Јунајтед од Хјундаи А Лигата за време на отварањето на сезоната.

.

Во продолжение неколку работи кои треба да ги знаете за новата ѕвездата која се раѓа помеѓу играчите :

- Смит играше со идеја да биде напаѓач се до 12 годишна возраст, играјќи бројни натпревари за јуниори во напад. Се смета дека способноста што ја има со своите нозе беше главната причина што токму тој беше избран за натпреварот во неделата пред поставените голмани Луис Италијано и Оливер Сеил.

- Присутен беше на колеџот Сејкред Хард во Окленд, каде поранешниот капитен на Нов Зеланд и сегашен тренер Под 17 (U-17), Дени Хеј ја предводи фудбалската програма, а Смит не беше ни првиот голман во школата за времето кое го помина таму.

- За првпат Смит беше забележан од академските тренери на Велингтон Феникс, Енди Хеџ и Пол Темпл во натпреварот Под-17 во Окленд минатата година. На нив им беше дадена листа со голмани кои треба да ги разгледат а Смит не беше помеѓу нив. Како и да е, откако го забележаа Смит тие разговараа со него и го одведоа во Велингтон.

- Тој играше во Окленд за клубот Елерсли и е вториот играч од тој клуб што има дипломирано за во професионалните редови во Феникс. Првиот е дефанзивецот на Ол Вајтс (All Whites), Мајкл Боксал кој има одиграно 39 натпревари во три сезони во Велингтон.

- На почетокот на годинава Смит се најде под закрила на новиот тренер за голмани на Феникс, Фернандо ваз Алвез кој претходно има работено со чуварите на Калтекс Сокерос, Мет Рајан, Мичел Лангерак и Марк Бригити.

- Смит сега е запишан на Шкотскиот Колеџ во Велингтон и ќе се врати наредната недела кога завршуваат школските одморите за да почне да се подготвива за испитите 13 година.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News