MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ПОЧНЕТЕ ДА МИСЛИТЕ И НА СЕБЕ УМЕРЕНАТА СЕБИЧНОСТ Е ЗДРАВА
 
ПОЧНЕТЕ ДА МИСЛИТЕ И НА СЕБЕ УМЕРЕНАТА СЕБИЧНОСТ Е ЗДРАВА
10.10.2017, 11:35:21
 
 
 

Имате потреба да работите на себе како личност, а не знаете како: во тој случај време е да бидете малку себични, да не мислите на другите толку многу и да ги направите следниве работи:

.

Морате да бидете себични бидејќи вложувањето во себе значи вложување и во другите. Ова го тврди авторот, писател и блогер Бенџамин Фишел. Иако е очигледно дека оваа особина не треба да биде постојано активна, сепак е важна во моментите кога вашата внатрешна личност има потреба од тоа.

Затоа не се грижете, колку повеќе инвестирате во себе, така ќе вложувате и во другите. Контрадикторно, да, но ако вие сте подобра личност, ќе го подборите и односот со другите луѓе.

Позитивната себичност опфаќа да работите на сопствената едукација. Запишете дополнителни студии, курсеви и слични активности кои ќе ве надградат.

Искористите ги можностите кои ќе ви се дадат да кажете не. Немојте да чувствувате вина ако сте одбиле некого бидејќи тоа сте го сакале и сте сметале дека е правилно.

Помалку време трошете на повици и пораки на пријатели, а повеќе на активности од ваш интерес. Особено кога се работи на луѓе кои ве бараат САМО кога им е потребно нешто.

Ставете ги своите потреби на прво место, бидејќи и онака на многумина не им е гајле што вие сакате.

На крај, понекогаш бидете намерно мрзеливи, нема ништо лошо во тоа.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News