MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » ПОЗНАТИ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ЗЛАТНАТА ТОПКА
 
ПОЗНАТИ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ЗЛАТНАТА ТОПКА
10.10.2017, 09:55:21
 
 
 

Француското списание „Франс фудбал“ ги објави сите 30 номинирани кои ќе се борат за најпрестижната фудбалска награда „Златната топка“.

.

Имињата на претендентите излегуваа периодични во текот на целиот вчерашен ден, во групи од петмина.

Номинирани се: Лука Модриќ, Марсело, Серхио Рамос, Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Иско и Тони Крос (Реал Мадрид); Паоло Дибала и Џанлиуиџи Буфон (Јувентус); Нејмар, Килјиан Мбапе и Единсон Кавани (ПСЖ), Н’Голо Канте и Еден Азар (Челзи); Луис Суарез и Лионел Меси (Барселона), Јан Облак и Антоан Гризман (Атлетико Мадрид); Филипе Кутиньо и Садио Мане (Ливерпул); Дрис Мертенс (Наполи); Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Роберт Левандовски (Баерн Минхен); Давид де Геа (Манчестер Јунајтед); Хари Кејн (Тотенхем); Един Џеко (Рома); Радамел Фалкао (Монако); Пјер-Емерик Обамејангнг (Борусија Дортмунд), Матс Хумелс (Баерн Минхен); Леонардо Бонучи (Милан).

Прв фаворит за наградата е Кристијано Роналдо кој го предводеше Реал до титулите во Лигата на шампионите и шпанската Примера. Ако Португалецот повторно да ја добие наградата тоа ќе биде петта „Златна топка“ за него и би се израмнил со Лионел Меси.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News