MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ЗАПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА ВО БИБЛ
 
ЗАПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА ВО БИБЛ
10.10.2017, 09:51:33
 
 
 

Со двата натпревари кои ќе се играат попладнево, ќе биде отворена јубилејната 10-та сезона во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ). 

.

И сезонава, Македонија ќе има двајца свои претставници. Покрај редовниот учесник и минатогодишен финалист Куманово, годинава во БИБЛ лигата ќе настапува и гевгелискиот тим Блокотехна. 

Годинава осумте екипи ќе одиграат 14.коло во првиот дел од сезоната, по што двете прво рангирани директно ќе се пласираат на Фајнал-фор турнирот, додека останатите ќе разигруваат во четвртфиналната рунда. 

Двојките за 1.коло во БИБЛ лигата се: 

Вторник 

17,00  Ибар (Розаје) – Академик Бултекс (Пловдив)

18,30  Блокотехна – Тирана 

Среда 

18,30  Левски – Куманово 

7 декември 

Башкими – Рилски спортис (Самоков)

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News