MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАВРШИ КВАЛИФИКАЦИИТЕ СО УБЕДЛИВ ТРИУМФ НАД ЛИХТЕНШТАЈН
 
МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАВРШИ КВАЛИФИКАЦИИТЕ СО УБЕДЛИВ ТРИУМФ НАД ЛИХТЕНШТАЈН
10.10.2017, 09:46:21
 
 
 

Македонија со убедлива победа од 4-0 над Лихтенштајн ги заврши квалификациите за Светското првенство во Русија, Аријан Адеми со прекрасен гол се врати по двегодишната суспензија.

.

Македонската фудбалска репрезентација со уште една одлична претстава ги заврши мундијалските квалификации, избраниците на Ангеловски ја оправдаа фаворитската улога и лесно го совладаа послабиот противник.

Имавме иницијатива уште од самиот старт на мечот, но тешко создававме шанси. Конечно дефанзивата на Лихтенштајн беше срушена во 36. минута кога по еден корнер изведен од Алиоски, Муслиу погоди со глава.

Само две минути подоцна во акција многу слична на онаа во Италија, по асистенција од Пандев, Трајковски зголеми на 2-0.

Во 63. минута голем момент за Адеми, влезе во игра по две годишната суспензија откако падна на допинг тестот на натпревар на Динамо Загреб.

Во 66. минута фантастична асистенција на Трајковски до Барди кој со волеј ја смести топката во мрежата на Лихтенштајн за убедлива предност од 3-0.

Две минути подоцна прекрасна соло акција на Адеми кој нанижа неколку противнички играчи и постигна гол за конечни 4-0. Погодок кој го прослави со солзи и многу емоции.

До крајот на мечот Македонија имаше уште неколку шанси но резултатот остана непроменет.

Македонија ги заврши квалификациите на петтото место со гол разлика од 15:15, и финиш кој ветува подобри денови за македонскиот репрезентативен фудбал.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News