MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ХАЛИМА АДЕН ПРВИОТ СУПЕР МОДЕЛ СО ХИЏАБ
 
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ХАЛИМА АДЕН ПРВИОТ СУПЕР МОДЕЛ СО ХИЏАБ
13.09.2017, 13:32:31
 
 
 

Името на 19-годишната Халима Аден се почесто се слуша во модните кругови во САД. Убавицата, родена во бегалски камп, е првиот супер модел со хиџаб.

.

Халима е роден во бегалски камп во Кенија, во близина на границата со Сомалија. Таа и нејзиното семејство пристигнуваат во САД како бегалци од Сомалија, кога таа има 7 години.

Кариерата на модел и почнува во ноември 2016 година, кога Халима ги моли организаторите на натпреварот за убавина „Мис Минесота“ да се појави со хиџаб и буркини.

Тие се согласуваат и така за прв пат во историјата на конкурсот девојка дефилира со покриена коса. Халима Аден не го освои натпреварувањето, но се рангираше меѓу 15-те финалистки.

Оттогаш, брзо се здобива со популарност и добива се повеќе и повеќе предлози за фотосесии. Таа се појави на насловните страници на голем број модни списанија, вклучувајќи ги и Vogue и Allure.

Халима сега планира да отпатува во бегалскиот камп каде што е родена за да им покаже на децата што живеат таму, дека сонот може да се оствари.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News