MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » КАНАДА И ПОНАТАМУ ЈА ПОДДРЖУВА МАКЕДОНИЈА ОКОЛУ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО
 
КАНАДА И ПОНАТАМУ ЈА ПОДДРЖУВА МАКЕДОНИЈА ОКОЛУ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО
13.09.2017, 11:40:21
 
 
 

Канада и натаму продолжува со поддршката на амбициите на Македонија за членство во НАТО и го очекува денот кога ќе ви посакаме добредојде во Алијансата, пишува премиерот на Канада, Џастин Трудо, во писмото со честитки за изборот за Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

.

Тој истакнува дека Канада го поздравува формирањето на новата влада, и неговиот избор кој, како што вели, доаѓа после еден тежок транизициски период, и во име на неговата земја, изразува надеж за плодна соработка во иднина.

-Сигурен сум, порачува во своето писмо канадскиот премиер, дека ќе продолжите да ја водите вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации, и на заложбите за регионална стабилност, вели Трудо во писмото.

Ви ги испраќам, истакнува канадскиот премиер, моите најдобри желби за успех во остварувањето на вашата владина програма и се надевам дека ќе имаме можност за соработуваме во остварувањето на нашите заеднички приоритети.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News