MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ЖЕНА СЕ ИСКАЧИ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ ДВА ПАТИ ВО ПЕТ ДЕНА
 
ЖЕНА СЕ ИСКАЧИ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ ДВА ПАТИ ВО ПЕТ ДЕНА
13.09.2017, 10:53:37
 
 
 

Мајката на две деца, Аншу Џамсенпа, на возраст од 38 години, се искачила на Монт Еверест од јужниот пол на Непалската страна пет пати досега што е неверојатен подвиг за секој планинар. Оваа година таа го собори светскиот рекорд и стана првата жена која го освои хималајскиот гигант од 29.028 метри два пати во пет дена, прво на 16 мај, а потоа на 21 мај.

.

Доколку би ви кажале дека ова не беше нејзиното прво двојно искачување ќе останете зачудени. Џамсенпа за овој подвиг вели дека сето тоа се должи на вербата во себе си. “Јас секогаш мислам дека сум поблиску до Бог, добивам благослов. Така се чувствувам единствено кога сум на врвот.”, вели Аншу во емотивната изјава за CNN.

Малиот град има свои предности. Таа е родена во Диран, далечен планински град во северозападниот индиски округ Аруначал Прадеш, кој се граничи со Бутан и Тибет. Таа вели: “Опкружена бев со природата”. Сепак, вели дека на подрачјето му недостасува изложеност кон надворешниот свет и градските можности. Аншу е ќерка на полициски службеник во Индо Тибетската погранична полиција и медицинска сестра, има три постари сестри и помлад брат. Секогаш се сметала дека е поразлична.

Во 2009 година, таа дојде до идеја да се искачи на Еверест и започнала со интензивно тренирање во период од две години за да ја постигне својата цел. Во 2011, им се придружи на 9 планинари и тргнале кон походот за Еверест. Таа вели дека не се чувствувала нервозно, бидејќи немала време за грижа. “Се се случи многу брзо. Немав многу време да се спремам бидејќи работев на тоа да добијам спонзорство”. Додека нејзиниот успех во 2011 беше извонреден, сепак не се најде на листата на рекорди.

Пред да отпатува за својата експедиција оваа година, Аншу се сретна со Далај Лама во Гувахати, во Индија за да добие благослов од будистичкиот лидер. Таа го опишува ова искуство како најубавиот момент во целиот нејзин живот. На 4 април таа го започна своето патување. На 16 мај таа го развеа знамето на Индија на Еверест. Три дена подоцна, таа го започна своето второ искачување. На 21 мај, Аншу безбедно пристигна до својот сон: го скрши рекордот за најбрзото двојно искачување на Еверест од страна на жена и тоа за пет дена.

Аншу е голема инспирација за жените околу светот. Се закити со 2 награди за нејзиниот успех. Нејзината фамилија и била потполна поддршка во текот на целата авантура, биле горди и среќни што го оствариле својот сон иако целиот овој пат бил доста ризичен.  

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News