MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ВАРДАР БЕЗ ПРОБЛЕМИ ДО ТРОФЕЈОТ ВО РАКОМЕТНИОТ СУПЕРКУП
 
ВАРДАР БЕЗ ПРОБЛЕМИ ДО ТРОФЕЈОТ ВО РАКОМЕТНИОТ СУПЕРКУП
13.09.2017, 09:36:32
 
 
 

Првиот Суперкуп во историјата на македонското ракометно првенство го освои Вардар. Шампионот на Македонија без многу проблеми го надигра финалистот од Купот, Еурофарм работник со 30-25, без да се форсира и оптоварува. Сепак, битолчани покажаа дека имаат жар во себе, па долго во првиот дел се држеа на три-четири гола негатива, а во почетните минути дури беа и рамноправни.  

.

Вардар почна да се одлепува кон средината на полувремето, кога поведе со 9-6, а како се ближеше крајот на полувремето противникот и почесто грешеше, па на паузата резултатот дојде до 19-12.

По четири минути во вториот дел Вардар поведе со 22-12, а оттаму почна да се опушта. Раул Гонзалес ротираше, им даваше шанса на помладите, а разликата бавно се намалуваше, сепак, без да ја доведе во прашање победата.

Данил Шишкарев и Даинис Криштопанс постигнаа по четири гола, а младиот Даниел Ѓорѓески на голот имаше девет интервенции. Кај Еурофарм, Ојлески предводеше со осум гола, Мајнов постигна шест, а Чаневски броеше до 10 одбрани.

Со овој натпревар се означи старт на новата сезона во Суперлигата, која почнува викендов.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News