MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » ОЧЕКУВАНИ ПОБЕДИ НА ФАВОРИТИТЕ НА СТАРТОТ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
 
ОЧЕКУВАНИ ПОБЕДИ НА ФАВОРИТИТЕ НА СТАРТОТ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
13.09.2017, 09:25:31
 
 
 

Фудбалерите на Барселона го совладаа Јувентус со 3:0, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Барса успеа да му се реваншира на Јувентус за елиминацијата во четврт-финалето, во претходната сезона.

.

Дербито на првото коло во елитното натпреварување мина во знакот на Лионел Меси, иако и Јувентус имаше свои шанси во раната фаза на натпреварот.

Во судиското надополнување на времето во првиот дел Меси го постигна првиот гол. Голот во 46.минута беше прв кој Аргентинецот го постигнал против Џиџи Буфон. По акцијата на меси во 56.минута Ракитиќ го постигна вториот гол, а точка на натпреварот стави Меси во 69.минута.

Во вториот меч во оваа група Спортинг славеше кај Олимпијакос со 3.2. Португалскиот тим имаше 3:0 со головите на Думбија, Мартинс и Фернандес, а во последните четири минути Пардо со два гола избори чесен пораз за грчкиот шампион.

Манчестер Јунајтед по неколкугодишна пауза со триумф се врати во Лигата на шампионите. Погба се повреди по само 17 минута игра, а неговата замена Фелаини прв го совлада голманот на Базел. Во второто полувреме победата на јунајтед ја потврдија Лукаку и Рашфорд.

Во оваа група ЦСКА успеа да ја изненади Бенфика во Лисабон и да слави на „Луж“ срадионот со 2.1.

Група А:

Манчестер Јунатед-Базел 3:0
Бенфика-ЦСКА Москва 1:2

Група Б:

Селтик-ПСЖ 0:5
Баерн Минхен-Андерлехт 3:0

Група Ц:

Рома-Атлетико Мадрид 0:0
Челси-Карабаг 6:0

Група Д:

Барселона-Јувентус 3:0
Олимпијакос-Спортинг Лисабон 2:3.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News