MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » СЕ ПОВРЗУВААТ ИНСТАГРАМ И ФЕЈСБУК
 
СЕ ПОВРЗУВААТ ИНСТАГРАМ И ФЕЈСБУК
12.09.2017, 13:54:21
 
 
 

Инстаграм ја тестира можноста корисниците истовремено да ги објавуваат своите објави и на оваа платформа и на Фејсбук.

.

Со оваа поблиска поврзаност на социјалните мрежи, се чини, Фејсбук сака популарноста на опцијата „Сторис“ да ја префрли и на својата главна платформа.

Некои корисници ја забележаа веќе опцијата за објавите на инстаграм да се префрлат и на Фејсбук. Инстаграм ги потврди тие наводи, без натамошни подробности.

– Секогаш тестираме разни начини за помош, со кои би го подобриле впечатокот од Инстаграм, и коишто ќе Ви го олеснат споделувањето на секој момент со луѓето кои Ви значат, соопштуваат од Инстаграм.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News