MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » СО АЈФОНИ НАМЕСТО БОМБИ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ КРИЗАТА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА
 
СО АЈФОНИ НАМЕСТО БОМБИ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ КРИЗАТА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА
12.09.2017, 13:52:32
 
 
 

Поранешниот американски маринец Јоко Вилинк даде интересен предлог за решение на кризата со Северна Кореја.

.

Идејата не вклучува никаква посебна стратегија, специјални операции или напади, но експерти сметаат дека таа би била извонредно ефективна.

Имено, ветеранот предлага – наместо бомби, САД да фрлаат Ајфон телефони во Северна Кореја.

– Фрлете 25 милиони Ајфони и преку сателит овозможете бесплатен Ви-Фи, напиша тој на Твитер.

И додека предлогот засега е далеку од каква било реализација, експертот од Стимсон центрот, Јун Сун, кој по потекло е од Северна Кореја вели дека тоа навистина би успеало.

– Ким Џонг-ун сфаќа дека штом (севернокорејското) општество се отвори и народот во Северна Кореја разбере што му недостасува, Кимовиот режим нема да биде одржлив, образложи Сун.

Тој натаму потсетува дека кога Јужна Кореја со балони пушташе летоци и ДВД дискови кај својот северен сосед, властите во Пјонгјанг одговараа со воена готовност.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News