MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ДУБАИ ЌЕ ГРАДИ ВТОРА ВЕНЕЦИЈА ПРВИТЕ ТУРИСТИ СЕ ОЧЕКУВААТ ВО 2020
 
ДУБАИ ЌЕ ГРАДИ ВТОРА ВЕНЕЦИЈА ПРВИТЕ ТУРИСТИ СЕ ОЧЕКУВААТ ВО 2020
12.09.2017, 13:47:32
 
 
 

Дубаи најави изградба на проектот за “ревизорски град” според моделот на италијанската Венеција во вредност од 680 милиони долари, соопшти весникот “Арабиан бизнис” (Arabian Business).  

.

Проектот ќе биде врз основа на The World Islands – острови на 4 км. од крајбрежјето на главниот град на емиратот Дубаи. Дел од блискоисточната Венеција ќе е под вода.

Посетителите ќе пристигнуваат по море или со авион. Потоа ќе бидат транспортирани со канали кон места за рекреација со увезени од Италија гондоли. Освен хотели и други места за одмор, во дубајската Венеција ќе има и места за одржување на традиционални италијански фестивали, изложби и други настани.

Околу “Сината Венеција” ќе бидат згрижени 400 000 квадратни метри морски корали и ќе има 12 пловечки плажи.

Дубајската Венеција ќе ги прими првите гости во 2020.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News