MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ОД ЕВРОПСКАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
 
СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ОД ЕВРОПСКАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
12.09.2017, 12:29:32
 
 
 

Реал Мадрид ја брани титулата и ќе атакува на трета во низа, Лионел Меси е на три гола до 100. во натпреварувањата на УЕФА, Икер Касилјас ќе игра 19 сезона, Лајпциг и Карабаг се дебитанти, Феенорд се враќа по пауза од 15 години, кам-бек на големата сцена и на Манчестер јунајтед. Ова се факти за најава на новата сезона на фудбалското шоу на стариот континент. Со вечерашните мечеви од А – Д сегментот почнува Лигата на шампиони.  

.

Англиските клубови се како отпишани. Малкумина веруваат дека некој премиерлигашки претставник би можел да ја освои територијата на која е главен Реал Мадрид во последните неколку сезони.

Фокусот е на „Камп Ноу“ каде Барселона го дочекува Јувентус во дербито на вечерта. Во групата Д уште и пресметката на „Јоргос Караискакис“ стадионот во Атина каде Олимпијакос го пречекува Спортинг Лисабон со Стефан Ристовски, единствениот македонски претставник во ЛШ во оваа сезона.

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе посака добредојде на Базел во рамки на групата А во која и Бенфика на својот „Луж“ ќе влезе во битка за први бодови против московска ЦСКА.

Андерлехт и Селтик на хартија важат за „топовско месо“ во групата Б во која ќе играат и Баерн и ПСЖ. Баварците во Минхен се апсолутни фаворити во дуелот со белгискиот состав, истото важи и за париските „светци“ со Нејмар и Мбапе кои ќе гостуваат на „Селтик парк“ во Глазгов.

Рома на „Олимпико“ ја очекува тешка задача со Атлетико Мадрид во Ц конкуренција што носи натпревар и на „Стемфорд бриџ“ меѓу Челзи и Карабаг. Уживајте.

Лига на шампиони – вечерва играат

Група А

Манчестер јунајтед – Базел (20,45 ч.)

Бенфика – ЦСКА Москва (20,45 ч.)

Група Б

Баерн Минхен – Андерлехт (20,45 ч.)

Селтик – ПСЖ (20,45 ч.)

Група Ц

Рома – Атлетико Мадрид (20,45 ч.)

Челзи – Карабаг (20,45 ч.)

Група Д

Барселона – Јувентус (20,45 ч.)

Олимпијакос – Спортинг Лисабон (20,45 ч.)

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News