MACTEL.COM.AU
 
Home Page » Showbiz News » НИКОЛ ШЕРЦИНГЕР ПРОГОВОРИ ЗА ТЕШКИОТ ЖИВОТ ПРЕД ДА СТАНЕ СЛАВНА
 
НИКОЛ ШЕРЦИНГЕР ПРОГОВОРИ ЗА ТЕШКИОТ ЖИВОТ ПРЕД ДА СТАНЕ СЛАВНА
12.09.2017, 12:09:32
 
Пред да ја стекне славата како пејачка на групата “Pussycat Dolls” и девојка на возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, Никол Шерцингер немала живот од бајките.

Неодамна, таа открила што сè морала да прави со цел да го овозможи своето студирање и да ги оствари своите сонови.

.

Никол изјавила дека нејзините родители не можеле да ѝ го платат школувањето, а за да може да студира, таа имала неколку поприлично лошо платени работи.

“Работев сè – од шминкање па до пеење опера во италијански ресторан. Додека студирав, бев најсиромашна, а понекогаш давав и крв за да добијам пари”, признава Шерцингер.

“Со денови знаев да јадам, да ги наречеме палачинки, во кои се додава само вода, но тие доволно заситуваа”. И покрај сè што поминала во животот, 39-годишната убавица е горда на своите корени и сè што правела за да ги оствари своите соништа. Исто така, таа признала дека е благодарна што ваквиот успех го стекнала сосема сама и ништо не ѝ “паднало од небо”.

Related News