MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » РИЈАНА САКА ДА ГО ВРАТИ ВРЕМЕТО КОГА БИЛА НЕВИНА
 
РИЈАНА САКА ДА ГО ВРАТИ ВРЕМЕТО КОГА БИЛА НЕВИНА
12.09.2017, 12:04:04
 
 
 

 Со годините нашето општество станува сè поотворенo, а идолизираните ѕвезди сè повеќе голи, провокативни и агресивно сексуални, но едно останува константно – секоја жена сонува да има незаборавен првпат во сексот.  

.

За жал, не секоја го добива и изгледа Ријана спаѓа во понесреќните во таа насока. Тоа го навести самата таа за време на интервју за октомврискиот број на списанието Elle, каде беше интервјуирана не од друг, туку од светскиот маѓесничар Дејвид Коперфилд.

“Не се шегувам, тоа е сериозна понуда: Можам да те натерам да поминеш и да се појавиш секаде во светот. Каде сакаш да одиш и зошто? “, ги предложи своите услуги маѓепсникот. А одговорот го фати малку неподготвен…

“Десет минути пред да ја изгубам невиноста. И ќе те држам одговорен за оваа понуда “, одговори со насмевка барбадоската убавица.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News