MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ ПОВТОРНО ЗАЕДНО
 
АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ ПОВТОРНО ЗАЕДНО
12.09.2017, 12:02:04
 
 
 

Гласините дека Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се заедно се покажаа неточни. Разделбата на славното семејство е факт, станува јасно и од појавата на убавата актерка на филмскиот фестивал во Торонто.  

.

Анџелина на црвениот тепих беше придружувана од децата Захара, Шајло, близнаците Вивиен и Нокс кои гордо позираа до убавата мајка.

Анџелина Џоли го претстави својот нов филм “The Breadwinner”. Актерката продуцира приказна за авганистанска девојка и предизвиците со кои таа се соочува. Холивудската убавица ги остави зад себе емоциите околу разводот и најде сили да се насмевне широко, да се снима со фанови и да дели автограми. Енџи повторно го покажа гламурозниот стил – избрала стилска, елегантна и удобна тоалета во нијанса на бисер. Модните критичари го пофалија нејзиниот избор. Секое од нејзините деца се истакна со свој стил – некои од нив избраа спортска, а други елегантна облека.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News