MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » НОВАТА ВЛАДА СО КОНКРЕТНИ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО
 
НОВАТА ВЛАДА СО КОНКРЕТНИ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО
12.09.2017, 10:59:38
 
 
 

Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи со работата како посебно одделение во рамките на Јавното обвинителство на Република Македонија и неговите надлежности треба да бидат проширени и со гонење на кривични дела од висок профил на корупција.  

.

Ова е само дел од нацрт-стратегијата за реформа на правосудниот сектор до 2021 година која од денеска е на јавна расправа.

Оваа мерка подразбира и нова организациска поставеност на Јавното обвинителство, основање на посебно специјализирано одделение со соодветна организација во рамките на судството, предлага работната група која ја подготви оваа нацрт-стратегија.

Работната група смета дека законските ограничувања за постапување на обвинителите од СЈО треба да бидат надминати со нови законски предуслови за продолжување на работата на специјалните обвинители во рамките на Јавното обвинителство на Република Македонија.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News