MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН СО ПООСТРИ САНКЦИИ ЗА СЕВЕРНА КОРЕЈА
 
СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН СО ПООСТРИ САНКЦИИ ЗА СЕВЕРНА КОРЕЈА
12.09.2017, 10:53:08
 
 
 

Советот за безбедност на Обединетите Нации гласаше за воведување дополнителни санкции врз Северна Кореја по шестата и најмоќна нуклеарна проба што ја изведе таа земја во почетокот на месецов.  

.

Со деветата резолуција на Советот за безбедност што се однесува на санкциите врз Северна Кореја се предвидува забрана на извоз на текстилни производи од таа земја и ограничување на увоз на сурова нафта.

За да се добие поддршката од Русија и Кина, резолуцијата требаше да претрпи извесно ублажување. Во претходната верзија беше предложено целосно ембарго на нафтени производи за Северна Кореја.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News