MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ПЕРО АНТИЌ СЕ ВРАЌА ПОМЕЃУ ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ
 
ПЕРО АНТИЌ СЕ ВРАЌА ПОМЕЃУ ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ
12.09.2017, 08:46:34
 
 
 

По десет години Перо Антиќ се враќа во Црвена ѕвезда, тврди „Моцарт Спорт" кој дознава дека договорот веќе е потпишан.  

.

Според српскиот медиум, Перо Антиќ ставил потпис на договор со Црвена ѕвезда до крајот на сезоната и на „црвено-белите“ ќе им се приклучи во четврток.

Веќе некој период се споменуваше дека Антиќ би можел да се врати во Црвена ѕвезда, сега е извесно дека тоа ќе се случи.

Македонскиот кошаркар во минатата сезона немаше голема минутажа во Фенербахче, па природна е неговата разделба со турскиот тим.

Како потврда на ваквите информации е и објавата на твитер на Спортско Друштво Црвена ѕвезда, кои постираа фотографија од Перо Антиќ и Марко Кесељ.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News