MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » СИДНЕЈ МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖЕНО ДО ШАМПИОНСКАTA ТИТУЛА
 
СИДНЕЈ МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖЕНО ДО ШАМПИОНСКАTA ТИТУЛА
12.09.2017, 08:33:32
 
 
 

Иако Сиднеј Олимпик беше екипата која убедливо го освоија првенството, сепак во Големото финале тимот на Сиднеј Македонија со пожртвувана игра дојде до толку посакуваната победа која им ја донесе и шампионската титула во Втората женска Премиер лига во Нов Јужен Велс.

.

Во првиот дел од средбата и двата тима имаа по една шанса да ја затресат противничката мрежа, Олимпик ја погоди стативата а за Сиднеј Македонија Бабан во 41та минута од натпреварот пропушти стопостотна шанса откако излезе сама пред противничкиот голман но не се снајде баш најдобро.

Без голови беше се до 20тина минути пред крајот на средбата кога Бабан беше соборена во казнетиот простор, а судијата Сара Хо не се двоумеше да покаже на белата точка, по што Јоана Мартино без проблеми биеше и го совлада противничкиот голман.

До крајот на дуелот олимпик се обидуваше да го изедначи резултатот меѓутоа одбраната на Сиднеј Македонија на чело со голманот Крстановска успешно одолеја на сите напади.

Освојувањето на шампионската титула на ФК Сиднеј Македонија претставува и тоа како значаен и голем успех.

 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News