MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » ИРМА ПОМИНА НИЗ ФЛОРИДА НЕМА НАСТРАДАНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ
 
ИРМА ПОМИНА НИЗ ФЛОРИДА НЕМА НАСТРАДАНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ
11.09.2017, 12:20:32
 
 
 

Во раните утрински часови, ураганот Ирма кој ја зафати сојузната американска држава Флорида премина во ураган од прва категорија со ветрови од 85 км /ч.

Претседателот Доналд Трамп донесе одлука на Флорида да се прогласи состојба на природна катастрофа. Досега се потврдени 4 смртни случаи, од кои 2 се полицајци кои помагале.

.

Според Центарот за урагани соопшти дека во текот на денот се очекува ураганот да го продолжи својот пат кон Томасвил, Џорџија, а неговите ефекти ќе ги почувствуваат и жителите на Тенеси, Алабама, Џорџија и Јужна Каролина.

На Флорида околу 4 милиони луѓе се без струја.

По вчерашниот удар, најголемиот аеродром во Флорида се справува со последиците на ураганот-и не е јасно кога повторно ќе се појави.

Меѓународниот аеродром во Мајами ќе биде затворен денеска понеделникот, поради “значителни оштетувања”, според извршниот директор Емилио Гонзалес.

Ураганот Ирма, исто така, го принуди и забавниот парк Волт Дизни Ворлд да ги затвори вратите, што е шести пат во 45-годишната историја на овој комплекс.

Најмалку 1 милион луѓе ги напуштија своите домови во Флорида, додека останатите се сместени во 260 импровизирани засолништа.

Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД и досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во погодените подрачја од ураганот Ирма, соопшти вчера вечер Министерството за надворешни работи.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News