MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ЈА НАПУШТИЈА СОБРАНИСКАТА САЛА
 
ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ЈА НАПУШТИЈА СОБРАНИСКАТА САЛА
11.09.2017, 12:18:43
 
 
 

Изреволтирани од одлуката на пратениците од парламентарното мнозинство, да не ги поддржат измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие во знак на протест ја напуштија собраниската сала.

.

– Во знак на револт, сите пратеници од опозицијата во овој момент ќе ја напуштат седницата и на парламентарното мнозинство ќе им дадат 15 минути да обезбедат кворум за продолжување на седницата. Доколку не го сторат тоа ние ќе се вратиме назад. Ова е само во знак на протест, јавноста да дознае за одлуките на парламентарното мнозинство, рече Илија Димовски, координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлогот за измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пратениците на ДПМНЕ иницираа зголемување на пензиите за 5% од наредната година, но предлогот со 54 гласа против беше одбиен.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News