MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » НАДАЛ НАЈДОБАР НА УС ОПЕН
 
НАДАЛ НАЈДОБАР НА УС ОПЕН
11.09.2017, 09:51:32
 
 
 

Првиот тенисер на светот ја оправда улогата фаворит и стигна до својата трета шампионска титула на УС Опен. Во големото финале во Њујорк Рафаел Надал го совлада Кевин Андерсон во три сета, 6:3, 6:3, 6:4.

.

За 31-годишниот Надал ова беше 23 Гренд слем финале, додека неговиот противник за прв пат во својата кариера беше дел од вака голем натпревар.

Шпанецот ја искористи приликата после триумфот во Ролан Гарос да ја однесе победата и на отвореното првенство во САД, со што успеа до го освои вториот од четирите најголеми тениски турнири за 2017 година, бидејќи преостанатите два му припаднаа на Роџер Федерер.

За Кевин Андерсон ова беше турнир за паметење, меѓутоа, во големото финале едноставно немаше сили да се избори со семоќниот Шпанец кој рутинирано дојде до оваа победа.

Надал во Њујорк беше најдбар и во 2010 и 2013 година. Сега во големите финалиња има скор од 16:7, а ова е четврти пат како во една сезона успева да освои најмалку два Гренд слем турнири.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News