MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДА НЕКСЕ ЗА ВТОРА ПОБЕДА ВО СЕХА
 
МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДА НЕКСЕ ЗА ВТОРА ПОБЕДА ВО СЕХА
11.09.2017, 09:46:32
 
 
 

По тримуфот во Панчево, Металург со убедливи 29:22 го преслуша Нексе и врза две победи по ред во СЕХА лигата. По поразот од Вардар на стартот, Металург врза две победи, вчера во СЦ „Борис Трајковски“ славеше над тимот на Нексе со седум голови разлика.

.

Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол до 12. минута кога Металург направи серија од 5-0 и дојде до водство од 10-5. На полувремето се замина со предност на македонскиот тим од 15:10.

Во вториот дел Нексе во ниту еден момент не успеа да го загрози водството на Металург, тимот на Червар играше одлично и на крајот сосема заслужено славеше со 29:22.

Најефикасни во тимот на Металург беа Илиќ и Пешевски со по шест гола, пет постигна Анделиќ. Дарко Арсиќ имаше девет интервенции.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News