MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » ШТРАЈК НА ВОСПИТУВАЧИТЕ НА ДЕЦА ВО АВСТРАЛИЈА БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ
 
ШТРАЈК НА ВОСПИТУВАЧИТЕ НА ДЕЦА ВО АВСТРАЛИЈА БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ
07.09.2017, 09:54:32
 
 
 

Најмалку 3000 воспитувачи на деца од најрана возраст ги напуштија своите работни места и излегоа на протест поради лошите услови за работа, повикувајќи на покачување на платите за 35 проценти.

.

- Сите знаат колку е значајно раното образование и колку се битни првите учители на децата, вели Хелен Џибонс една од учесничките на протестот.

Таа додава дека се потценува работата на воспитувачите на децата од најрана возраст бидејќи нивната работа се третира како женска работа која ја работат од љубов.

- Љубовта не ви ги плаќа сметките и во 2017 година, 45 години после воведувањето на еднаквост во плаќањето на половите, не е во ред ваквото размислување, вели Џибонс.

Џулија Спајсер мајка на 19 месечен син, вели дека целосно го поддржува правото на воспитувачите на штрајк.

- Тие работат одлична и посветена работа грижејќи се за нашите најмили па добро е да го оставите вашето дете во раце на некого кому можете да цму верувате, додава Спајсер.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News