MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ЏАНЛУКА ВАКИ
 
АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ЏАНЛУКА ВАКИ
13.08.2017, 07:10:00
 
 
 

Џанлука Ваки кој веќе ја ситни седмата деценија од животот се најде во финансиски проблеми откако италијанските банки му запленија дел од неговиот недвижен имот со луксузни вили, како и скапите јахти.

.

Тој стана славен на социјалните мрежи со екстремните фотосесии со разголени девојки уживајќи во разуздан животен стил.

Сега, „фановите“ му се потсмеваат и организираат хуманитарна акција за да му помогнат да се справи со финансиската криза. Ваки незапирливо го трошеше наследеното богатство на луди авантури, но сега веќе ги нема јахтите и приватните авиони каде често му гостуваат и личности од џет сетот.

Фановите велат дека досега собрале 5 евра, но имаат надеж дека „хуманоста“ ќе излезе на дело и ќе му помогнат на „кутриот“ Ваки.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News