MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » АВСТРАЛИЈА ЌЕ ИМ ПОМАГА НА САД ПРИ ЕВЕНТУАЛЕН НАПАД НА СЕВЕРНА КОРЕЈА
 
АВСТРАЛИЈА ЌЕ ИМ ПОМАГА НА САД ПРИ ЕВЕНТУАЛЕН НАПАД НА СЕВЕРНА КОРЕЈА
13.08.2017, 07:00:00
 
 
 

Австралија е подготвена да се приклучи во евентуалниот конфликт со Северна Кореја, доколку се случи САД да бидат нападнати, изјави австралискиот премиер Малколм Тарнбул.

.

 

Според австралискиот премиер, неговата земја само ќе ги исполни своите обврски кон САД што произлегуваат од одредбите на договорот АНЗУС, потпишан уште во 1951 година.

Со овој договор меѓу САД, Австралија и Нов Зеланд, земјите потписнички се обврзуваат да си помагаат една на друга, во случај, било која од нив да биде воено нападната од надвор.

Австралија оттогаш, само еднаш се има повикано на овој договор, во 2001 година, кога Австралијанците им се приклучија на САД во Авганистан, по терористичките напади од 11 септември.

САД и Нов Зеланд ги суспендираа, една кон друга, меѓусебните обврски од овој договор, во средината на осумдесетите години на 20 век.

– САД стојат зад своите сојузници, па така и зад Австралија, затоа сега и ние (Австралијанците) ќе застанема зад Америка, доколку тоа биде потребно, наведе Тарнбул.

Австралискиот премиер додека дека сојузништвото со САД, за земјата претставува основата за нејзнината безбедност.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News