MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » ПОЗНАТИ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО МОНТРЕАЛ
 
ПОЗНАТИ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО МОНТРЕАЛ
12.08.2017, 16:59:32
 
 
 

На тенискиот Мастер турнир во Монтреал познати се двојките за полуфиналето.

Швајцарецот Роџер Федерер ќе игра против Робин Хасе, додека Денис Шаповалов за противник ќе го има Александар Зверев.

.

Федерер во четвртфиналето во меч кој траеше 1 час и 10 минути во два сета го победи Роберто Баутиста Агут од Шпанија, па во полуфиналето Швајцарецот за противник ќе го има Робин Хасе од Холандија, кој во три сета беше подобар од Диего Себастијан Шварцман со 4-6, 6-3 и 6-3.

Домашниот тенисер Денис Шаповалов кој го претходно го елиминира Рафаел Надал продолжува со добрите настапи па во четвртфиналето во три сета 2-6, 6-3 и6-4 го победи Адријан Манарино (Франција).

Неговиот противник во полуфиналето Германецот, Александар Зверев исто така одигра три сета против Кевин Андерсон од Јужна Африка, а мечот по сетово заврши со резултат 4- 6, 6-3 и 6-3. 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News